70 години Драмски театар: Најавени шест премиери и нов објект
Освен со претстави, големиот јубилеј ќе се одбележи и со други активности - изложби на костими и фотографии од почетоците на Драмски и изведби на отворено.

Со култната претстава „Буре барут“ од Дејан Дуковски ќе се прослават 7 децении Драмски театар. Директорот Вељановски во јубилејната година најави шест премиери, меѓу кои „Сирано де Бержерак“ во режија на Дејан Пројковски и „Венецијанскиот трговец“ од Шекспир, а во режија на Наташа Поплавска.
Освен со претстави, големиот јубилеј ќе се одбележи и со други активности - изложби на костими и фотографии од почетоците на Драмски и изведби на отворено.
Во план е Драмскиот театар да се смести во ново здание на постојната локација. Министерството за култура го објави тендерот за изведувач на работите.
Од драмски велат дека проектот „Слободна средношколска среда“ за неполни 40 дена донел 667 средношколци во театарот.
Александра Перевска
