Тензично на јужната граница, повреден еден полицаец
Инциденти на јужната македонска граница. Еден македонски полицаец е повреден при обидот на неколку илјади бегалци да влезат во Македонија. Урнаа дел од оградата на што мораше да реагира македонската полиција, за разлика од грчката...

Еден полицаец е повреден на јужната граница откако неколку илјади бегалци се обиделе да ја урнат оградата, да го пробијат заштитниот граничен кордон и насилно да влезат на македонска територија. Бегалците фрлале со камења кон специјалните полициските сили.
„Ве молам, отворете ги границите... Отворете ги границите во име на децава. Доаѓаат се повеќе луѓе, нема место, нема доволно шатори. Луѓето седат на земја“, вели Јасин Хадба – бегалец од Сирија.
„Сакаме да живееме безбедноно, не сакаме ништо повеќе“, вели Рамо Моса, бегалец од Сирија.
Тензијата траела околу половина час, по што состојбата се смирила. Бројот на бегалците кои се сместени кај граничниот премин Сеово на грчка страна се зголемува од час на час. Според полициските проценки, во неутралната зона престојуваат околу 7 илјади бегалци. Нема пропуштање на македонска страна бидејќи кампот во Табановце е полн, а Србија не пропушта влез на бегалците на нејзина територија.
„Целосно се исполнети капацитетите. Очекуваме да добиеме повеќе шатори, за да згрижиме повеќе луѓе“, вели Дарина Финстерер, лекари без граници.
Во изминатите 24 часа македонсата полиција пуштила 92 – ца сиријци и ирачани. Последните информации говорат за отворање камп во спортски објект во Кожани, 100-тина километри јужно од Гевгелија каде што грчките власти сместија 300 бегалци.
Наташа Гркова- Петрушевска
