Заеднички интерес е влезот на Македонија во ЕУ

29.02.2016 15:16

Препораката за преговорите со Европската унија условена со предвремените избори од 5-ти јуни. За известителот на Европскиот Парламент за Македонија, Вајгел, немањето консензус меѓу политичките партии во земјава услови со доцнење на Резолуцијата за Македонија...

Денеска во Европскиот Парламент во Брисел се гласаат вкупно 270- те амандмани за резолуцијата за Република Македонија. Како што рече известувачот за нашата земја, Иво Вајгел, ЕП сака да ја поддржи Република Македонија во нејзиниот евроинтегративен пат, но овој пат поддршката за почеток на преговорите е условена од демократскиот тек на предвремените избори закажани за 5-ти јуни. Со оглед на тоа што ни овој даум, како ни претходниот 24-ти април не беше поддржан од Социјал- демократскиот сојуз, Вајгел смета  дека тоа би било уште една пропуштена можност за државата и граѓаните, но и погубно за партијата.

Сметам дека е пропуштена можност во Македонија, како и во останатите држави од регионот на ЈИЕ, политичките партии да остварат консензус дека преговорите и влезот во Европската Унија им е приоритет. Таква прилика беше одредувањето на датумот за изборите. Мислам дека најприродно ќе беше да се постигне консензус меѓу политичките партии, и се надевам дека во иднина тие ќе имаат повеќе смисла, за тоа што е заеднички интерес на државата и на македонските граѓани“, изјави Вајгл за МРТ.

Вајгел вели дека предизвиците на Република Македонија кон евроинтеграциите не завршуваат со изборите, туку ќе продолжат со имплементирање на неопходните реформи, особено во делот на економијата и медиумите, кои треба да претставуваат критично огледало кон политиката и опшеството.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ