Европски вредности за одговорно владеење

29.02.2016 15:23

На фер и слободни избори граѓаните ќе ја донесат одлуката кој ќе ја води Македонија. Груевски ќе добие референдумско не од граѓаните, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев на меѓународната конференција организирана од институтот „Прогрес“ и од Партијата на Европските социјалисти.

„Прв, базичен предуслов за демократска Македонија се фер и регуларни избори. Мора да има фер и регуларен и предизборен и изборен процес“- изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Вели дека нивната цел како партија е општество со силна средна класа, што ќе значи пристоен живот за мнозинството граѓани.

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска рече дека во земјава мора да се имплементираат европските вредности за одговорно владеење.

Ставовите беа искажани на Меѓународната конференција посветена на обезбедување на базичните предуслови за демократија, што ја организираа инстиутот „Прогрес“ и Партијата на Европските социјалисти.

 

Игор Панов