Зајакната релацијата „работодавец-невработен“
Се зајакнува посредништвото на Агенцијата за вработување меѓу работодавците и оние кои бараат работа. Електронската берза на трудот е дефинирана, констатираат од Агенцијата по средбите со невработените и работодавците.
- Ние веќе имаме таргет група. Тоа се лицата кои активно бараат работа. Ги имаме профилирано преку плановите за вработување и веќе ги насочуваме кон работодавците, вели Влатко Поповски, директор на Агенцијата за вработување.

Државата е акривна со програмите за вработување и се опфатени сите категории. Лани се отворени 664 субвенционирани работни места, а годинава 584. Компаниите се поактивно ги бараат услугите на Агенцијата.
„Работиме за „Дрекслер Маер“, за „кромберт-Шубер“ во Битола. Во Кочани го потпишаа договорот со „Амфенол“. Работиме во Кичево на подготовка на новата инвестиција што треба да влезе, работиме во Охрид и Струга“ - вели Поповски.
Последните три години ефектот од задржани работници по владините програми се искачи на 73 проценти.
„Работодавците имаат бројки на дефинирани кадри и образовни профили кои би им требале наредните неколку години“ - вели Дражен Котески од прилепската прехранбена фирма „Дониа“.
Во земјава, така е и во Прилеп најмногу се бараат занаетчии и инженери од сите профили.
„Полека економската криза попушта. Вработувањата се зголемуваат, се бара секогаш место повеќе за субвенционирање, за обука за познат работодавец, за практиканти бидејќи успешноста е многу зголемена по периодот на нашетоп финансирање“ - вели Поповски
Според прилепскиот Центар за вработување, во градот се регистрирани 15 100 невработени, од кои 6028 активно барале работа.
Новинар: Елизабета Митреска
Снимател и монтажа: Илчо Димески