Затворени 36 пресуди на Европскиот суд за човекови права против Република Македонија
Комитетот на министрите на Советот на Европа, во сoгласност со неговите надлежност за следење на пресудите на Европскиот суд за човекови права, на својот последен состанок одлучи затворање на 36 пресуди кои беа донесени во предмети против Македонија, со оценка дека тие се целосно извршени.

Како што ни објасни амбасадорот на Република Македонија при Советот на Европа, Петар Поп Арсов, Комитетот смета дека овие 36 предмети, повеќе нема потреба да бидат следени од извршното тело на Организацијата.
Имено, Комитетот процени дека спогодбата меѓу жалителите и државата во случајов Македонската држава и исполнетите обврски од страна на државата, кои произлегуваат од пресудите се задволоени, во поглед на почитувањето на човековите права, така како што се утврдени со Европската конвенција за човекови права и нејизните Протоколи.
36-те предмети се групирани во 12 групи за одлуки на Судот од Стразбур донесени во 2014 година.
Станува збор за предметите Аграриакоп-Скопје, Виолета Илиевска и тројца други жалители, Еврзи Исаки и ТД Колос Комерц, Блаже Лазев и 4 други жалби, Благоја Марковски и 7 други жалби, Мавков и 5 други жалби, Димитар Мицов и други, Митиќ и 5 други жалби, Ирина Николова, Зоран Петковиќ, Роберт Попоски и В.З. и други против Република Македонија.
Всушност Македонија според сите извештаи од Стразбур се вбројува меѓу земјите кои најдоследно ги спроведуваат пресудите на највисоката европска институција - Судот за човекови права.
Македонија според досегашните декаларации, принципиелно се залага од самото прифаќање на Конвенцијата за целосна, ефикасна и брза имплементација на пресудите од страна на земјите-членки, при што како што ни подвлече амбасадрот Поп Арсов, оваа одлука на Комитетиот ги потврдува напорите кои Република Македонија ги вложува на овој план.
Во тој контекст и затворањето на 36 предмети како целосно извршени од Република Македонија, за што пред Комитетот на министрите, беа поднесени акциски планови и извештаи и примена на ефикасни правни лекови за имплементација на овие пресуди.
Сите тела на Советот на Европа, посебно инсистираат на потребата од ефикасно спроведување и следење на спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права.
Тони Гламчевски
