Ехо- дијагностика во Поликлиниката во Драчево

29.02.2016 16:07

Прегледите ќе се закажуваат преку системот „Мој термин“. Во новиот специјалистички кабинет ќе работат двајца лекари.

Ехо снимање на стомак и на тироидна жлезда ќе се извршува во поликлиниката во Драчево. Прегледите ќе се закажуваат преку системот „Мој термин“, ќе стартува од утре. Во новиот специјалистички кабинет ќе работат двајца лекари.

„Со воведувањето на новата дијагностика ќе се придонесе овие пациенти да ја добијат дијагностичката услуга овде во Поликлиниката во Драчево. Согласно со податоците од „Мој термин“ станува збор за околу 1.000 пациенти годишно кои се упатувале кон другите здравствени установи за да се изврши ваква дијагностичка процедура“, изјави министерот за здравство Никола Тодоров.

Новите кабинети и услуги го зголемија бројот на пациенти во поликлиниката во драчево. Досега извршени се повеќе од шест илјади прегледи. 

„Следењето на потребите за давање здравствени услуги не води да ги прошириме услугите посебно во делот на Кабинетот за интерна медицина. Ехо дијагностиката спаѓа во делот на неинвазивна дијагностика која  ќе придонесе во дијагностичките цели на специјалистот и комплетна обработка на пациентот блиску до местото на живеење“, вели д-р Татјана Баевска Вучковиќ, директор на Здравствен дом Скопје.

Минатата година во оваа поликлиника се извршени  речиси 34 илјади прегледи. Само три проценти од пациентите се препратени во други здравствени установи.

 

Андријана Атанасовска