Земјоделство

Се крати рокот за исплата на откупени производи

29.02.2016 16:26

Се крати рокот за исплата на земјоделското производство од 6 на 3 месеци. Неделава се објавува и оглас за аплицирање на општини за финансирање на изградба на пристапни патишта до нивите и фармите...

Наместо за шест, најдоцна за три месеци сите откупувачи, мелничари, винарски визби, преработувачи и кланици треба да ги исплатат земјоделците за предаденото  примарно производство. За ова барање на земјоделците ќе се интервенира во Законот за земјоделство и рурален развој. Доколку некој не го испочитува рокот од три месеци, ќе следуваат санкции. Предвидено е дури и отпишување од Регистарот на откупувачи.

Земјоделците задоволни од најновите владини решенија, но дополнително побараа и гаранција од откупувачите, дека ќе ја реализираат исплатата во законскиот рок.

По барање на земјоделците од село Страцин, Кратовско, неделава ќе стартува јавен повик преку програмата за рурален развој за изградба на пристапни патишта до нивите и фармите на земјоделците од сите општини, за што е предвиден износ до 1 милион денари по општина.

 

Свето Николовски