ДИК: Вкрстени проверки за прочистување на избирачкиот список
29.02.2016 17:15
На процесот работи експертски тим информатичари, а податоците се префрлени во единствен сервер на комисијата.

Државната изборна комисија ја почна вкрстената проверка на базите на податоци на МВР и на уште 10 државни институции, откако претходно, биле направени стандардизација, нормализирање и валидација на податоците.
На процесот работи експертски тим информатичари, а податоците се префрлени во единствен сервер на комисијата.
Според најавите, вкрстената проверка се очекува да трае десеттина дена, по што ќе следува и теренската контрола, за пречистување на избирачкиот список.
