Скопска единица веќе реши 153 предмети по новиот Закон за кривична постапка

23.01.2014 16:25

Скопска единица како најголем кривичен суд во земјава нема никакви проблеми во постапувањето согласно со новиот Закон за кривичната постапка. Од 1декември до 22 месецов се примени 202 предмета, а решени се 153.

Согласно со новите законски одредби, донесена е и првата пресуда по предлог-спогодба меѓу обвинетиот и обвинителот, која се однесува на кривично дело разбојништво, за што обвинетиот е осуден  на 3 години казна затвор.

Во претходна постапка се примени 94 предмети и сите се решени. Во одделението за организиран криминал,пак, се примени 54 и тие се решени. Во одделението за полнолетни лица се пристигнати 28 предмети, арешени се само 5, додека во одделението за малолетнициза сите 26 стасани,постапката сеуште трае.

Од судот велат дека се работи без застој и дека досега нема проблеми во применувањето на оваа суштинска реформа во судството.

Наташа Гркова-Петрушевска