Решавачки „супер вторник“ во САД
Републиканците и Демократите од 12 сојузни држави и американска Самоа, денеска на првични избори и локалните партиски собранија ќе го изберат својот фаворит за прв човек на државата.

Денешниот ден, што во американскиот политички календар се нарекува „супер вторник“, е клучен во кампањата на кандидатите за претседателската функција во САД.
Републиканците и Демократите од 12 сојузни држави и американска Самоа, денеска на првични избори и локалните партиски собранија ќе го изберат својот фаворит за прв човек на државата.
На денешен ден почнуваат да гласаат и избирачите демократи во странство. Националниот конгрес на Републиканците ќе се одржи од 18-21 јули во градот Кливланд, во државата Охајо, а на Демократите е закажан од 25 до 28 јули во Филаделфија, во државата Пенсилванија.
