Во МАНУ ќе се формира Совет за евроинтеграции
Предвидено е по фомирањето на Советот за евроинтеграции, да биде потпишан меморандум за соработка меѓу Секретаријатот за европски прашања и МАНУ во интерес на забрзување на интеграцијата на државата во ЕУ.

Во Македонската академија на науките и уметностите денеска ќе се формира Совет за евроинтеграции. Предвидено е по фомирањето на Советот за евроинтеграции, да биде потпишан меморандум за соработка меѓу Секретаријатот за европски прашања и МАНУ во интерес на забрзување на интеграцијата на државата во ЕУ.
Потпис на документот треба да стават претставници на двете институции, вицепремиерот Бесими и претседателот на МАНУ, акадeмик Таки Фити.
Целта на меморандумот е преку разни форми на соработка да се создаде платформа за креирање синергија меѓу научниот потенцијал, администрацијата и деловната заедница.
