Седници на три собраниски комисии
01.03.2016 10:53
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе расправа за три предлози на опозициски пратеници.

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисиите за надворешна политика, за политички систем и односи меѓу заедниците и законодавно-правната комисија.
На дневен ред на Комисијата за надворешна политика се Предлог-закон за ратификација на измените и дополнувањата на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка (консолидирана верзија) и Предлог - закон за ратификација на Протоколот 15 за измена на Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи.
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе расправа за три предлози на опозициски пратеници. Законодавно-правната комисија ќе одржи две седници.
