Мисајловски на состанок за транспорт и енергетика во Брисел
01.03.2016 10:55
Состанокот е во организација на Комесарот за проширување на Европската комисија Јоханес Хан.

Министерoт за транспорт и врски Владо Мисајловски денеска ќе учествува на состанокот на министрите за транспорт и енергетика на земјите од Западен Балкан што ќе се одржи во Брисел.
Состанокот е во организација на Комесарот за проширување на Европската комисија Јоханес Хан. Ќе бидат разгледани поголем број регионални проекти од значење на земјите од регионот и на членките на ЕУ.
