Почнува Саемот за градежништво и недвижности

01.03.2016 10:58

Понудата е на вкупно 110 компании и плацеви од 14 општини, меѓу кои и скопските Карпош, Петровец, Сопиште и Илинден.

Почнува Саемот за градежништво и недвижности на кој ќе бидат понудени над 3.000 плацеви и 3.000 станови за кои можат да се користат средства преку проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“.

Понудата е на вкупно 110 компании и плацеви од 14 општини, меѓу кои и скопските Карпош, Петровец, Сопиште и Илинден.

На Саемот за градежништво годинава ќе учествуваат 90 компании, а во рамките на Саемот за недвижности- 20 компании.

Од странство се присутни компании од Германија, Турција и Србија.