Туск утре во Македонија поради бегалската криза

01.03.2016 11:15

Челникот на Европскиот Совет од денеска до 3-ти март, покрај Скопје, ќе ги посети и Виена, Љубљана, Загреб и Атина.

Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск утре ќе ја посети Република Македонија, како дел од неговата агенда за изнаоѓање начин за менаџирање и решавање на бегалската криза. Туск во Скопје ќе се сретне со македонскиот претседател, Ѓорге Иванов.

Челникот на Европскио Совет од денеска до 3-ти март, покрај Скопје, ќе ги посети и Виена, Љубљана, Загреб и Атина.

Целта на оваа негова мини турнеја е градење на европски консензус за справување со бегалската криза и подготовка на Самитот со Турција закажан за 7-ми март во Брисел и Самитот на Европскиот совет на 17- 18 март.