Хојт Ји в четврток во Македонија
01.03.2016 11:17
На средбите со македонските соговорници се очекува да стане збор за актуелната политичка ситуација...

Заменик помошникот државен секретар во американскиот Стејт Департмент, Брајан Хојт Ји во четврток ќе престојува во посета на Република Македонија, потврдуваат од Амбасадата на САД.
На средбите со македонските соговорници се очекува да стане збор за актуелната политичка ситуација во Македонија и за спроведувањето на договорот во Пржино.
