Сирија: 1.200 бунтовници потпишаа спогодба за прекин на огнот
Во текот на изминатото деноноќие, со посредство на Русија, беа склучени спогодби за примирје и со старешините на селата Зејзун и Тел-Гехаб, во провинцијата Дамаск, со што вкупниот број спогодби за прекин на огнот достигна 37.

Над 1.200 бунтовници од сириската провинција Дера потпишаа спогодба со сириските власти за прекин на огнот. Повеќето од борците кои ѝ се приклучија на спогодбата и доброволно ги прекинаа борбените дејствија ќе можат да му се вратат на нормалниот живот. Во преговорите со властите учествуваа членови на опозициската „Слободна сириска армија“, претставници на бригадите „Ал Јармук“ и единиците на локалната самоодбрана. На крајот од средбата тие со документ потврдија дека се откажуваат од продолжение на борбените дејствија против официјален Дамаск.
Во текот на изминатото деноноќие, со посредство на Русија, беа склучени спогодби за примирје и со старешините на селата Зејзун и Тел-Гехаб, во провинцијата Дамаск, со што вкупниот број спогодби за прекин на огнот достигна 37.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека договорот за прекин на судирите во Сирија првично се почитува, но додаде дека е загрижувачко зголеменото руско воено присуство во земјата. За време на посетата на Кувајт, Столтенберг објасни дека „не постојат планови НАТО да обезбеди копнени сили за воени операции во Сирија“.
Во меѓувреме, турските вооружени сили грантираа позиции на Исламската држава во Сирија. На мета на турската артилерија се најдоа позициите на ИД северно од сириската провинција Алепо. Турски „Хуриет“ објави и дека вчера попладне, од 14 до 15 часот, биле истрелани меѓу 50 и 60 гранати.
Марина Автовска
