„Југохром“ го рестартира производството

01.03.2016 12:59

Постепено ќе се продолжи со враќање на работниците на работа. Во моментов се ангажирани 400 луѓе, а со вклучувањето на другите печки ќе се вратат и другите работници.

Комбинатот „Југохром“ од Јегуновце го рестартира своето производство. Менаџментот соопшти дека во функција се ставени две печки.

Постепено ќе се продолжи со враќање на работниците на работа. Во моментов се ангажирани 400 луѓе, а со вклучувањето на другите печки ќе се вратат и другите работници.

„Југохром“ ја стопираше работата кон крајот на декември, за да се намали загадувањето на воздухот, но од менаџментот велат оти се покажало дека комбинатот не е ниту единиствениот, ниту најголемиот загадувач на воздухот во регионот.

Во моментов, се чека градежната дозвола за избедба на системот за отпрашување.