Состанок за справување со бегалската криза во Белград
Ова е трет состанок од ваков тип каде што се разменуваат неопходни информации за справување со мигрантската криза и случувањата по мигрантската рута за избегнување тензични ситуации на границите...

Директорите на полициите од земјите долж балканската и европската рута: Србија, Македонија, Хрватска, Словенија, Австрија, Бугарија, Албанија, Холандија, Унгарија, Грција и Германија во Белград разговараат за управување со мешовити миграциски текови. На состанокот присуствуваат и шефовите на граничните полиции на земјите.
Ова е трет состанок од ваков тип каде што се разменуваат неопходни информации за справување со мигрантската криза и случувањата по мигрантската рута за избегнување тензични ситуации на границите и ефикасно управување со тековите, како и за справувањето со криумчарењето мигранти.
Вториот состанок се одржа во Македонија при што е договорено да се издава унифициран и стандарден документ за регистрација кој ќе овозможи увид за лицата кои се движат низ транзитната рута. Оние кои немаат документи или поседуваат лажни, да не им се дозволи влез на границата, ниту пак да транзитираат. Третиот состанок е во поширок состав, се очекува да присуствуват претставници и од Грција и од Германија.
