Неправилности со земјишта во Струмица
23.01.2014 16:59
66 илјади и 450 квадратни метри државно градежно земјиште продала Општина Струмица по цена од 71 денар- објавија дел од интернет порталите. На електронското јавно наддавање реализирано на 30 октомври 2012 година земјиштето било понудено по едно евро од квадрат, а со лицитацијата ја достигнало продажната сума.
Потписник на договорите за отуѓување е градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев и неговиот полномошник од една страна, и купувачот од друга.

Но, според документите кои ги објавија медиумите, дел од двете парцели со вкупна површина од околу 9 и пол илјади квадрати, по два месеца, купувачот го препродал на три компании по цена од 430 денари квадрат, што е шестапати повисока од лицитираната. Станува збор за партнер во бизнисот на Заев. Со зделката требало да заработи над 4 милиони денари или околу 66 илјади евра.
Во писмената реакција од општина Струмица велат дека објавата за отуѓување на споменатото земјиште е поништена од локалните власти на 21 март 2013 година. Врз основа на тоа, на 9 ти август општината склучила Спогодба за раскинување на договорот која е заверена на нотар на 18 ноември 2013.
Конечно, од Увидот во Катастар може лесно да се потврди дека споменатите катастарски парцели се во сопственост на Република Македонија, се вели во писмениот демант од Општина Струмица, кој приложи и документи од поништените договори.
Катерина Давчева