Иванов за „Шпигел онлајн“: Ние го направивме сопствениот избор
Шефот на државава не ја исклучува можноста од затворање на Балканскиот коридор, но предупредува дека таквиот потег ќе има големи последици врз Македонија, посочувајќи ја како искуство косовската криза.

„Ние го направивме сопствениот избор... Одлучни сме да не станеме складиште за мигранти, доколку дојде до затворање на границите... Се залагаме за координирана акција“ – оваа порака ја испраќа претседателот Иванов во интервјуто за „Шпигел онлајн“.
Шефот на државава не ја исклучува можноста од затворање на Балканскиот коридор, но предупредува дека таквиот потег ќе има големи последици врз Македонија, посочувајќи ја како искуство косовската криза.
Иванов во интервјуто вели дека на Македонија не и е од интерес да се влоши состојбата во Грција, бидејќи ние сме соседи и повторно се заложи за единствено европско решение.
Според Иванов, бирократија на ЕУ потфрлила во мигрантската криза.
