ЕК: Македонија има право да ја штити границата

01.03.2016 14:19

Се разбира дека БЈР Македонија има право да ја заштити границата, но сликите што ги видовме вчера се потврда дека единстввено решение е колективно решение, европско решение, изјави портпаролот на ЕК, Маргаритас Шинас...

„Македонија има право да ја заштити сопствената граница, но развојот на ситуацијата потврдува дека е потребно европско решение“ – ова е ставот на официјален Брисел за тензиите на грчко- македонската граница и за вчерашните инциденти.

„Се разбира дека БЈР Македонија има право да ја заштити границата, но сликите што ги видовме вчера се потврда дека единстввено решение е колективно решение, европско решение. Мерките што се преземаат за контрола на границите нема да бидат во рамки на нашата амбиција да се менаџираат нашите граници. Сите мерки мора да бидат според меѓународното и европското право“, порача портпаролот на Европската Комисија, Маргаритас Шинас.