МАНУ се вклучува во евроинтегративните процеси

01.03.2016 14:59

МАНУ се вклучува поинтензивно во евроинтегративните процеси. Новоформираниот Совет ќе го помага овој сложен процес во речиси сите области. Академиците тврдат дека науката ќе понуди сеопфатни репенија како разрешница за политичката криза преку широк консензус...

Академиците се вклучуваат поинтензивно во служба на евроинтегративните процеси на земјава. По барање на владата преку формираниот Совет, МАНУ ќе го помага овој сложен процес во сите области. Македонија, вели вицепремиерот за европски прашања, Бесими нема друга алтернатива освен препораките од Европската унија.

Според академик Владо Камбовски во последно време главниот пат за надминување или разрешница на политичката криза кај нас се гледа токму во јакнењето на процесот на евроатлантските интеграции. Ги повика политичарите да се потпрат на науката и анализите за да се дојде до широк конзенсус.

На конститутивната седница на Советот, Секретаријатот за европски прашања и МАНУ потпишаа Меморандум за соработка. Во него се зацртани формите на соработка и  платформата за креирање синергија меѓу научниот потенцијал, администрацијата и деловната заедница.

 

Фиљана Кока