Путин на тест дали ќе ја одржи безбедноста за време на ЗОИ

23.01.2014 17:02

Владимир Путин на тест дали ќе успее да ја одржи безбедноста за време на Олимписките игри во Сочи.  По електронските закани и одлуката на рускиот претседател да ја помести границата 11 километри на теритотија на Абхазија, грузиската влада изрази загриженост. „Треба да се оддели спортот од политиката. Грузиската влада реши само спортистите да одат на Олимпијада, нема да присуствуваат претставници на власта. Ако има било какви инциденти, што е неприфатливо за нас, ние соодветно ќе одговориме“ изјави  Иракли Гарибашвили, премиер на Грузија.

Турција

Тешка сообраќајна несреќа во северниот дел на Турција. 21 лице загина, а дваесетина се повредени, откако автобусот излетал од патот поради голомразица. Гувернерот на провинцијата Кајзери изјави дека бројот на загинати може да се зголеми поради големиот број тешко повредени.

Египет

Петмина полицајци изутрината се убиени од маскирани лица на контролен пункт во Египет. Напаѓачите отвориле оган од мотоцикл во движење. По соборувањето на Морси, се поголем е бројот на напади врз полицајци и војници.

Косово

Владата на Косово го усвои предлогот за воведување визи за граѓаните на БиХ. И по барањето на Приштина визите за косовските граѓани да бидат укинати, БиХ не отстапи од своите ставови,па косовските власти решија и тие да воведат визи.

Русија

Врховниот суд на Русија одлучи да го ослободи од затвор Платон Лебедев, соработник на нафтениот магнат Михаил Ходорковски, кој исто така беше помилуван пред еден месец. Ходорковски и Лебедев беа осудени на затвор откако јавно му се спротивставија на Путин.

Марија Петковска