Туск денеска во Македонија на средба со Иванов

02.03.2016 08:20

Во средиштето на разговорите е изнаоѓање европско решение за бегалската криза...

Во рамките на турнејата низ земјите од Западно- балканската рута, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, денеска во Скопје ќе се сретне со македонскиот претседател Ѓогре Иванов.

Во средиштето на разговорите е изнаоѓање европско решение за бегалската криза. Претходно во Љубљана и во Загреб, Туск изјави дека главниот проблем треба да се решава во Турција за што е закажан вонредниот билатерален состанок, Европска унија – Турција на 7-ми март во Брисел.

По Македонија, Туск заминува на средба со грчкиот премиер Ципрас во Атина, а на неговата агенда немаше посета на Белград.