Спасовски со Фицо и Калинак во посета на границата кај Гевгелија
02.03.2016 08:25
Министерот Спасовски денеска заедно со премиерот на Словачка Роберт Фико и словачкиот министер за внатрешни работи Роберт Калинак ќе го посетат Прифатниот центар за мигранти „Винојуг“ во Гевгелија...

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска заедно со премиерот на Словачка Роберт Фицо и словачкиот министер за внатрешни работи Роберт Калинак ќе го посетат Прифатниот центар за мигранти „Винојуг“ во Гевгелија.
Министерот Спасовски, како што најави МВР, денеска ќе ги посети и полициските станици во Прилеп и Битола.
