„Форбс“: Бил Гејтс најбогат човек на планетата

02.03.2016 10:32

Mагазинот „Форбс“ по 22-ри пат, за годинава го прогласил Бил Гејтс, основачот на „Мајкрософт“ за најбогат човек на планетата. Неговото богатство се проценува на 75 милијарди долари, при што лани загубил 4 милијарди...

Од светот на богатите доаѓа информацијата дека магазинот „Форбс“ по 22-ри пат, за годинава го прогласил Бил Гејтс, основачот на „Мајкрософт“ за најбогат човек на планетата. Неговото богатство се проценува на 75 милијарди долари, при што лани загубил 4 милијарди. 

Втор е сопственикот на синџирот модни куќи „Зара“, сопственик на компанијата „Индитекс“, Амансио Ортега, со 67 милијарди, а трет е култниот инвеститор Ворен Бафет, тежок речиси 61 милијарда. На четвртото место на листата на „Форбс“ се наоѓа мексичкиот телеком- тајкун, Карлос Слим, чие богатство се проценува на 50 милијарди долари, додека на петтата позиција- Џеф Безос, сопственикот на „Амазон“, со богатство тешко 45,2 милијарди долари.

Во САД има најмногу милијардери, дури 540, во Кина 251, Германија 120, Индија 84 и на петто место со само 77 милијардери е Русија.