Лавров и Кери: Соработка за примирје

02.03.2016 10:36

Разговорот бил фокусиран на имплементација на руско-американската иницијатива за прекин на непријателствата во Сирија и соодветните резолуции на Советот за безбедност на ОН.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери го нагласија значењето на воена координација на Русија и САД за примирје во сирија.

Разговорот бил фокусиран на имплементација на руско-американската иницијатива за прекин на непријателствата во Сирија и соодветните резолуции на Советот за безбедност на ОН.

Во разговорот инициран од американска страна, двете страни дале поддршка на напорите на ОН за продолжување на преговорите во Женева за политичко решение на конфликтот.