Протоколи за хируршки зафати
23.01.2014 17:06
Ќе се пребројуваат игли и гази на крајот на операцијата, како проверка нешто да не е заборавено кај пациентот. Хирурзите во земјава отсега ќе оперираат според посебен протокол во кој се опишани сите постапки за време, пред и по операцијата. Сите во екипата ќе се потпишуваат за да се знае одговорноста.. Најчестите грешки во хируршките зафати се направени поради погрешно изваден орган на операција.

„Колку и да изгледа трагичен и колку и да претставува голем проблем за секој здравствен систем, сепак скоро во секој здравствен систем постои, а тоа е операција на погрешна страна. Тоа е една од причините зошто се воведуваат вакви сериозни проверки“, вели министерот за здравство Никола Тодоров.
Познато е дека во човечкото тело има 70 ризични точки во текот на операцијата.
„Со изработката на еден ваков документ ќе се придонесе за многу побезбедна хирургија и не само за пациентите, туку и за зголемување на безбедноста на професионалниот живот на специјалистите хирурзи во земјава. Секако, ќе биде потребно да заживее овој протокол“, потенцира д-р Живко Попов, специјалист хирург уролог.
Податоците во светот говорат дека кај 8 до 12 проценти од пациентите имале компликации од хируршки грешки, а еден милион луѓе годишно умираат како последица од овие компликации.
Андријана Атанасовска