Пронајдени писма од Осама Бин Ладен

02.03.2016 11:01

Писмото било меѓу материјалите запленети од засолништето на Бин Ладен во Пакистан, каде што тој беше ликвидиран од американски командоси во мај 2011-та.

Лидерот на Ал Каеда, Осама Бин Ладен, напишал писмо, во кое го повикува американскиот народ да му помогне на претседателот Барак Обама во борбата против климатските промени, и да го спаси човештвото.

Писмото било меѓу материјалите запленети од засолништето на Бин Ладен во Пакистан, каде што тој беше ликвидиран од американски командоси во мај 2011-та.

Во писмото Бин Ладен ја критикува корпоративната контрола врз капиталот и корпоративните лобисти за финансиската криза во САД во 2007-2008, а ја критикува и војната во Ирак и во Авганистан.