Бан Ки Мун: Рестрикциите се косат со меѓународните закони

02.03.2016 11:04

Изјавата на генералниот секретар доаѓа откако грчката полиција соопшти дека околу 10.000 сириски или ирачки бегалци се заглавени во сѐ полоши услови во пограничното место Идомени...

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун оцени дека рестрикциите воведени на границите во Европа за да се запре приливот мигранти не се во склад со меѓународните закони, ниту со основната човечка пристојност.

Изјавата на генералниот секретар доаѓа откако грчката полиција соопшти дека околу 10.000 сириски или ирачки бегалци се заглавени во сѐ полоши услови во пограничното место Идомени.

Во однос на прекинот на огнот во Сирија, Бан Ки Мун изјави дека тоа во главно се почитува.

Ги повика сите страни да ги почитуваат своите ветувања и доброволно да дозволат испорака на хуманитарна помош за опколените области.