Владина поддршка за пласман на арпаџикот од Бразда

02.03.2016 12:14

Проблемот со пласманот на арпаџикот поради нерегистрираното семе земјоделците го предочија пред три дена пред лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по што ги посети заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски и Кирил Тодоров од Платежната агенција.

Поддршка од Владата за формирање задруга ќе добијат земјоделците од скопското село Бразда и околните места во општина Чучер- Сандево. Со тоа ќе се реши нивниот долгогодишен проблем - непречена продажба на арпаџикот што им е основна дејност.

Проблемот со пласманот на арпаџикот поради нерегистрираното семе земјоделците го предочија пред три дена пред лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по што ги посети заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски и Кирил Тодоров од Платежната агенција.

Заменик-министерот Костадиновски им објасни на жителите на Бразда дека за добивање на потребната декларација и регистрација на семенскиот материјал ќе биде потребно формирање земјоделска задруга која во првите години ќе биде финансиски поткрепена и поддржана од Владата.

На тој начин, освен продажба на арпаџикот без никаков проблем производителите ќе може да земат и субвенции.