Портпаролот на Златна Зора ги избрка Би-Би-Си од канцеларија поради Македонија
Од Златна Зора ја обвинија новинарката дека не нарекла под уставно име бидејќи била ифрустрирана од тоа што Касидиарис изјавил дека мигрантите треба да одат во Велика Британија и во САД, бидејќи имаат заедничка одговорност за војните во Сирија и Авганистан...

Поради Македонија, портпаролот на Златна Зора, Илиас Касидиарис го прекина интервјуто со британски Би-Би-Си (BBC), бркајќи ја екипата од својата канцеларија, јавува дописникот на МРТ од Атина.
„Напуштете ја просторијава, нелегално е таа земја да ја нарекувате Македонија“, извикуваше Касидиарис. Од Златна Зора ја обвинија новинарката дека не нарекла под уставно име бидејќи била ифрустрирана од тоа што Касидиарис изјавил дека мигрантите треба да одат во Велика Британија и во САД, бидејќи имаат заедничка одговорност за војните во Сирија и Авганистан.
Во соопштението на Златна Зора за инцидентот се вели:
„Портпаролот на Златна Зора им ја покажа вратата за излез на екипата на Би-Би-Си, кога анти-грчката новинарка го нарече Скопје...„Македонија“. На ова претходеше фрустрацијата и посрамувањето на Бритaнката кои што беа очигледни, кога нашиот пратеник истакна дека мигрантите треба да одат во Велика Британија и САД, кои што се заеднички одговорни за војните во Сирија и Авганистан. Тогаш малициозната репортерка Стејси Дули не се воздржа и го прикажа анти-грчкото расположение на пропагандистичката BBC, нарекувајќи го Скопје „Македонија” и се обиде да приреди лошо шоу, но доби соодветен одговор од нашиот претставник и беше принудена да ја напушти канцеларијата заедно со целата британска екипа“, се вели во соопштението.
Марија Котовска, постојан дописник од Атина за МРТ
