Нема да се гради хотел кај Народна банка

23.01.2014 17:13

,Вработен во Катастарот направил превид,а јавното  наддавање за локацијата е поништено.

Нема да се гради хотел на локацијата кај Народна банка.Доколку сака да гради потенцијалниот инвеститор ќе треба претходно да ги откупи 320-те квадратни метри приватно земјиште коешто влегува во градежната парцела . Газдите реагирале ,а комисијата во министерството за транспорт и врски констатирала  превид на вработен во Агенцијата за  катастар на недвижности и го поништила јавното наддавање.

,,Референтот го консултирал само катастарскиот план , но не и имотните листови.”         - вели Славче Трпески, директор на Агенцијата за катастар .

Уште во 2009-та во процесот на денационализација на четири лица им биле вратени спорните 320 м2 приватно градежно земјиште што влегува   во маркицата за изградба на хотел на атрактивната локација.

,,Приватниот интерес целосно е почитуван , постапката е законски прекината  и државата нема да претрпи  никаква штета.”-тврди министерот за транспорт  и врски Миле Јанакиески.

Сите уплатени пари ќе му бидат вратени во целост на понудувачот.Постапката за отуѓување е сосема поинаква кога во  парцелата има и приватно земјиште.Не е предвидена експропријација во овој случај, бидеејќи  не станува збор за јавен интерес ,појасни министерот.Доколку сака да гради,  потенцијалниот инвеститор ќе треба претходно да се договори со газдите .Ресорот за транспорт ќе продолжи со јавните објави за електронска продажба на неизградено државно градежно земјиште со почетна цена од евро за квадрат , затоа што таа е во согласност со Уредбата на Владата за привлекување странски брендови  и развој на  туризмот.

Свето Николовски