Запален камп на бегалци во Кале

02.03.2016 14:11

Тие биле опожарени од непознати сторители, по немирите што се случија меѓу полицијата и бегалците откако француската влада реши да го затвори центарот.

На француското крајбрежје на каналот Ла Манш во гратчето Кале се уништени неколку засолништа во кампот за бегалци.

Тие биле опожарени од непознати сторители, по немирите што се случија меѓу полицијата и бегалците откако француската влада реши да го затвори центарот.

Бегалците веќе неколку години се упатуваат кон овој француски град, а целта им е Велика Британија.