Позитивен извештај на Кембриџ за примената на наставните програми
Овие реформи ја постигнаа целта. Тоа го констатираат и од самиот Кембриџ центар по спроведениот целосен мониторинг на воведувањето и примената на нивните програми и учебници...

Наскоро и во средните училишта ќе се учи по наставна програма на Кебриџ. Надлежните задоволни од досега постигнатите резултати. Според нив пред три години Министерството за образование и Биро за развој за образование ја започнале имплементацијата на една од најкрупните образовни реформи, генерации ученици етапно започнале да добиваат и да учат по целосно нови, современи програми по математика и по предметите од групата на природни науки.
Овие реформи ја постигнаа целта. Тоа го констатираат и од самиот Кембриџ центар по спроведениот целосен мониторинг на воведувањето и примената на нивните програми и учебници во нашата земја. Извештајот од мониторингот е со исклучително позитивна конотација и констатира дека реформата правилно се спроведува, рече заменик министерот за образование, Спиро Ристовски.
Соработници од Кембриџ посетиле 60 училишта и од нивниот непосреден мониторинг на часовите составиле извештај во кој заклучиле дека е значително зголемена интеракцијата помеѓу наставниците и учениците.
