Министерката Канческа- Милевска во работна посета во Театар Комедија

02.03.2016 14:58

Во објектот на Театар Комедија во моментов функционираат Албанскиот и Турскиот театар. Почната е реконструкција на Албанскиот, а се гради Турскиот театар. Министерката Канческа разговараше со директорите на културните институции за набавка на потребната опрема.

Во Театар Комедија овој месец ќе има две премиери. На 8-ми март урнебесната комедија „Вардарски пастуви“ , а на денот на театарската уметност и роденденот на овој театар- 27 април, премиерно ќе биде изведена претставата „Случките од Хармс“ во режија на Дино Мустафиќ. Во април ќе се подготвува „Трудна приказна“ по текст на Благица Секуловска.

Во објектот на Театар Комедија во моментов функционираат Албанскиот и Турскиот театар. Почната е реконструкција на Албанскиот, а се гради Турскиот театар. Министерката Канческа разговараше со директорите на културните институции за набавка на потребната опрема.

Директорот на Турскиот театар, Атила Клинче, најави нова премиера за 11- ти март, на претставата „Комедија на грешки“ по текст на Шекспир, а во режија На Коле Ангеловски.

Четири нови премиери најавуваат од Албанскиот театар.

Министерката Канческа најави дека до крајот на годината ќе може да се стави во функција Албанскиот театар, а Турскиот до крајот на април ќе биде во фаза затворена карабина.

 

Александра Перевска