Коѕиас: Австрија и Унгарија ја искористуваат Македонија
02.03.2016 15:06
Според него, владата во Скопје сфатила дека била искористена од некои европски земји и дека она што го работат на границата не е во нивен интерес, оценил Коѕиас.

Австрија и Унгарија ја искористуваат Македонија кога станува збор за бегалскиот проблем, изјави шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас во интервју за грчката телевизија „Скај“.
Според него, владата во Скопје сфатила дека била искористена од некои европски земји и дека она што го работат на границата не е во нивен интерес, оценил Коѕиас.
Тој дополнил дека Македонија, наводно добила ветување од Австрија дека ќе ја внесе во НАТО, иако Австрија според Коѕиас воопшто не е член на северно-атланската алијанса.
