Случај „Диво насеље“: Казни за адвокатите кои ја напуштија судницата
Продолжи, па е прекинато судењето за терористичките активности против обвинетите во судскиот процес „Диво насеље“. Бранителите го напуштија рочиштето, судот најави парични казни. Лани во мај, за два дена во Куманово загинаа 8-мина припадници на министерството за внатрешни, а 42-ца беа ранети...

Адвокатот Насер Рауфи, бранител на обвинетитете во „Диво насеље“ пред судот се пожали дека салата е претесна и на рочиштето не може да присуствуваат роднините на обвинетите. Наведе дека судот е должен да обзбеди услови за непречено одвивање на сослушувањето. Судијката образложи дека судот ја поседува само таа поголема судница и го предупреди Рауфи дека доколку ја напушти судницата ќе биде казнет според законот. Сепак Рауфи во знак на револт ја напупшти судницата.
„Не се овозможи да присуствуваат членовите на потесното семејство на обвинетите, иако за тоа имавме ветување од првата главна расправа, но не е реализирано од страна на судскиот совет. Покрај тоа нема никакви предуслови, ние практично сме во една неможна состојба да контактираме со самите обвинети кои се наши клиенти“, изјави адвокатот Насер Рауфи.
На Рауфи му се придружија и адвокатите Бујар Дардишта и Мефаил Аслани кои не се вратија во судницата и после 30 минутна пауза. Судскиот совет донесе одлука тројцата бранители да бидат казнети со по 1.200 евра поради нарушување на редот и мирот додека адвокатите Рауфи и Дардишта да ги платат и трошоците на постапката, по што Советот го одложи судењето. На ваквата одлука на судот реагираа другите бранители. Порачаа дека ќе се солидаризираат со своите колеги.
„Ние ќе се солидаризираме со колегите за паричните казни и наводно трошоците направени за денешното рочиште. Судот мора да ги повлече од причина што нема услови за фер и коректно судење на овој сензитивен предмет. Доколку не се исполнат условите, на наредното рочиште нема да присустува ниту еден бранител“, изјави адвокатот Љупчо Веселиновски.
На рочиштетот требаа да сведочат четворциа сведоци од „Диво насеље“ и еден полицаец. Стражарското спроведувањље на сведокот Шабан Јашари од Куманово не било извршено бидејќи тој не бил пронајден. На една од адресите имал куќа во изградба, а на другата адреса немало никој.
Поради условите во судницата и новинарите беа сместени во посебна просторија. Општ впечаток беше дека квалитетот на преносот не соодветствува на стандардите за следење на настан.
Фиљана Кока
