Фатени крадци од Романија кои оперирале во Македонија

02.03.2016 16:18

Се работи за група крадци од Романија, составена од две женски и едно машко лице, кои ограбувале низ Македонија.

Крадците кои вчера попладне ја ограбија златарата „Голд“ во Охрид, при што незаконски присвоија златен накит вреден сто илјади денари, синоќа околу 20 часот се приведени на граничниот премин „Табановце“.

Се работи за група крадци од Романија, составена од две женски и едно машко лице, кои ограбувале низ Македонија.

Пред извесно време тие украле и златен дијамантски прстен во Скопје. За да ја прикријат кражбата една од романките го голтнала прстенот вреден 15 илјади евра.