Етика во бизнисот: Фер однос и почитување на бизнис парнерите и вработените
Странците велат дека состојбата во земјава е речиси иста како и на Балканот, но има простор за подобрување. Странските инвеститори и Македонско - турската комора бараат фер однос и почитување на бизнис партнерите и вработените.

Колку домашните компании го почитуваат деловниот морал, етиката и интегритетот во бизнисот? Странците велат дека состојбата во земјава е речиси иста како и на Балканот, но има простор за подобрување. Странските инвеститори и Македонско - турската комора бараат фер однос и почитување на бизнис партнерите и вработените.
„Кога зборуваме за работење со интегритет зборуваме не само за сузбивање на корупцијата, туку и за подобрување на односите кон вработените, партнерите, добавувачите и исплаќање фер плати“, изјави Штефан Петер, претседател на Советот на странски инвеститори.
„Како што бараме исполнување на одредени стандарди при испорака на некој производ исто така, потребно е да се бараат вакви стандарди и во етичкото однесување во бизнисот. Ќе се обидеме да поттикнеме стандардизација на ова поле“, вели Туна Ејуп Кахвеџи, претседател на МАТТО.
Консултантите и експертите велат во животот и во бизнисот важен е и образот. Засега најуреден сектор се банките и берзата.
„Имаме образ или го немаме. Да се има образ е работа на домашно воспитување, да се има интегритет во деловното работење едноставно е придржување кон општо прифатените стандарди и правила“, смета Љупчо Трајковски, консултант.
„Единствен и најуреден сектор по закон и со постоење прописи е банкарскиот сектор, каде што постојат и кодекси во самиот сектор. Единствена институција која направила и инсистира на интегритет и етика е Берзата која бара нејзините членки да ги почитуваат правилата за интегритет во своето работење“, вели Слаѓана Тасева- „Транспаренси интернешенел“.
Има етика во бизнисот, но не доволно, вели Тасева. Правила постојат, ги има и во законот, но прашање е колку се почитуваат и применуваат во практиката.
Свето Николовски
