Собраниска расправа за модернизација на АРМ
02.03.2016 16:40
За владејачкото мнозинство - модернизацијата на АРМ е неопходна, опозициските партии најавија дека нема да го поддржат законското решение, бидејќи не се наведуваат средствата и колкаво би било ослободувањето.

Во Собранието расправа за ослободување на Министерството за одбрана од плаќање царински давачки и даноци за оружје и воена опрема, ослободување од ДДВ за прометот на станови и станбени згради со примена на повластена даночна стапка, во контекст на проектот „АРМ мој дом“.
За владејачкото мнозинство - модернизацијата на АРМ е неопходна, опозициските партии најавија дека нема да го поддржат законското решение, бидејќи не се наведуваат средствата и колкаво би било ослободувањето.
За овој закон е потребно двотретинско мнозинство.
