Груевски и Јакимовски разговараа за проектите во Карпош
Гасификација и термоизолациски фасади, приоритет на оштината Карпош. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски за проектите разговараше со градоначалникот Стевчо Јакимовски...

Општината Карпош ќе биде првата во градот Скопје која ќе почне со гасификација. Градоначалникот, Стевчо Јакимовски за проектите разговараше со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Најави дека до крајот на оваа година околу 40 згради во општината Карпош ќе добијат термоизолациски фасади. Во тек се градежните работи и на новата општинска зграда.
Груевски зборуваше и за намалувањето на цените на лековите што треба да следува кон крајот на овој месец. Рече дека изминатите неколку години цените на лековите биле повеќепати намалувани, а заштедите, вели тој, останале во џебот на граѓаните.
Продолжува и проектот за бањско- климатска рекреација. Според Груевски, станува збор за значаен проект за пензионерите, особено за оние кои немаат средства да ги покријат трошоците за одење на бања.
Ана Јосифоска- Тодоровска
