Работнички и Шкендија со предност во реваншите
Четирикратниот куп - освојувач, Работнички извлече 1:1 на гостувањето кај Брегалница којашто беше домаќин во Кочани.

Куп натпреварувањата се интересни и затоашто во нив нема апсолутни фаворити, но Работнички и пред се Шкендија не дозволија изненадувања во првите мечеви од фудбалsкото полуфинале.
Четирикратниот куп - освојувач, Работнички извлече 1:1 на гостувањето кај Брегалница којашто беше домаќин во Кочани. Штипјани, кои со полуфиналето го повторија најголемиот успех во купот досега, поведоа со голот на Нацев во 63-та, десет минути подоцна победникот на последните два купа израмни со погодокот од пенал на Алтипармаковски.
Шкендија, пак, е многу блиску до своето трето финале, откако во Турново славеше со 2:0 со головите на Ибраими во 11-та и на Радевски во 51-та минута.
Реваншите ќе се одиграа на 13 април, финалето на 26 мај.
