Велика Британија: Референдум за ЕУ на 23-ти јуни
03.03.2016 10:07
Веста ја потврди и Дејвид Камерон на својот Твитер профил...

Граѓаните на Велика Британија на 23-ти јуни ќе се изјаснат дали сакаат да останат во Европската унија или не, а согласноста за овој датум ја даде и парламентот на земјата.
Веста ја потврди и Дејвид Камерон на својот Твитер профил. Премиерот изјавил дека ова ќе биде една од најголемите одлуки со кои ќе мора да се соочи земјата.
