Обама за една година ги продолжи санкциите против Русија

03.03.2016 10:23

Американските санкции против Русија засегаат серија руски граѓани, вклучително и официјални лица, како и претставници на владата на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович.

Американскиот претседател Барак Обама за една година ги санкциите против Русија заради „нејзините активности и политиката кон Украина“.

Американските санкции против Русија засегаат серија руски граѓани, вклучително и официјални лица, како и претставници на владата на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович.

Освен тоа, санкциите опфаќаат и серија големи фирми во Русија, неколку компании и раководствата на самопрогласените „Доњецка Народна Република“ и „Луганска Народна Република“.