Фридом Хаус: Напредок на Македонија
Македонија е оценета со оценка три за политичките права и граѓанските слободи....
Македонија е оценета со оценка три за политичките права и граѓанските слободи во најновиот извештај на американската невладина организација Фридом Хаус. Иако според Фридом Хаус генерално ,минатата година светот назадувал, тоа не е случај со Македонија, која е само една оценка до статусот целосно слободна земја.
Изјава Арч Педингтон- Потпретседател на Фридом Хаус
„Евроазија назадува послениве 10 до 15 години. Пред само неколку години земји како Азербејџан, Казахстан и Русија пред Путин да ја преземе власта во 2000-та, беа рангирани во делумно слободни , а сега се неслободни земји“ вели Арч Педингтон- потпретседател на организацијата.
Фридом Хаус ја оценува Грција како слободна земја иако регистрира дека неонацистите од „Златна Зора“ добиле политичко влијание во земјата, исто како и „Атака“ во Бугарија која користи расистичка реторика. Во Британија, Франција, Холандија и Австрија, забележано е анти-имигрантско расположение и евроскептицизам.
Според Фридом Хаус, Соединетите Американски држави се слободна земја, и покрај назадувањето со затворањето на федералните институции минатата година и аферата со прислушувањето што ја откри Едвард Сноуден.
Ирина Гелевска-постојан дописник на МРТ од Вашингтон
