Северна Кореја истрела неколку ракети со мал дострел во Јапонско Море

03.03.2016 10:37

Министерството наведе дека го анализира истрелувањето, за да одреди дали станува збор за ракети или артилериски оган...

Северна Кореја истрела денеска неколку ракети со мал дострел во насока кон Јапонско Море, неколку часа откако Советот за безбедност на ОН усвои резолуција за зајакнување на санкциите против Пјонгјанг, соопшти јужнокорејското Министерство за одбрана.

Министерството наведе дека го анализира истрелувањето, за да одреди дали станува збор за ракети или артилериски оган.

Јужна Кореја набљудува секакво дополнително дејствие, што би можело да биде преземено од северот, соопшти портпаролот на министерството.