Одложено рочиштето за случајот „Поткуп“
03.03.2016 11:45
Заев како градоначалник на Струмица се терети дека побарал поткуп од струмички бизнисмен при приватизација на градежно земјиште...

Поради отсуство на адвокатите во Основниот суд Скопје 1, одложено е рочиштето во случајот „Поткуп“ против лидерот на СДСМ, Зоран Заев, најверојатно за идниот месец.
Заев како градоначалник на Струмица се терети дека побарал поткуп од струмички бизнисмен при приватизација на градежно земјиште од 163.924 евра, што одбраната го негира.
